
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, изрази надеж дека Лоренцо Инсиње и Калиду Кулибали ќе останат во клубот и следната сезона.
„Еднаш разговарав со Инсиње на телефон. Добив впечаток дека се работи за капитен каков што го замислував. Што се однесува до неговиот договор, вие се обидувате да создадете проблеми во медиумите. Ќе почекаме додека Лоренцо не се врати, претседателот ќе разговара со него и после се ќе стане јасно. Кулибали е еден од заменик-капитените во овој тим. Колку што знам, тој ќе остане во Неапол. Секој го почитува неговото присуство во соблекувалната“, изјави Спалети на почетокот на подготовките за новата сезона.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се приклучи на тимот и ќе се обиде да се наметне многу повеќе кај новиот тренер Спалети. Тој дојде на местото на Џенаро Гатузо. Последната работа на 62-годишниот Спалети беше во Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
