Холандскиот гигант Ајакс успеа да го задржи капитенот Душан Тадиќ кој потпиша нов договор, а истовремено го „рани“ и големиот ривал Феенорд, на кого му го зеде најдобриот фудбалер. Стивен Берхуис е нов играч на Ајакс, а тоа навивачите на Феенорд нема да му го простат.
Тој е само четвртиот играч во историјата на ова ривалство што се пресели директно од Ротердам во Амстердам, а првиот по 1995 година и Арнолд Шолтен.
Феенорд ќе заработи фиксни 4 милиони евра од овој трансфер, уште 1.500.000 евра се бонуси, но прашање е колку е утеха за навивачите кои се лути.
„Веќе имам 29 години и сакав да направам поголем чекор во мојата кариера. Целта ми е да играм во Лигата на шампионите, да бидам во борба за трофеи, но и да останам во окото на холандскиот селектор. Тоа е причината зошто го избрав Ајакс!“, изјави Берхуус за официјалната страница на клубот.
Берхуис беше шампион на Холандија со Феенорд во сезоната 2016/17. Во својата кариера играше и за Твенте, Венло, АЗ и Вотфорд, додека претходните пет сезони ги мина во Феенорд. Во тој период, тој одигра 199 натпревари и постигна 87 голови и 64 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal