Connect with us

Ново правило дополнително ја компликува ситуацијата на Бејл во Реал

Герет Бејл нема да биде дел од тимот на Тотенхем следната сезона, потврди новиот менаџер, Нуно Еспирито Санто. Велшанецот се врати во Реал Мадрид и го чека исходот за својата иднина таму, со оглед дека е врзан за клубот од Мадрид уште една година. А поради Брегзит, неговото останување стана уште покомпликувано.


Бејл заработува 15 милиони евра годишно, но го чини клубот многу повеќе поради даноците. Реал со години се обидуваше да се ослободи од него, но успеа само да го натера на позајмица во Тотенхем и сепак мора да плати дел од огромниот приход.


Тој можеби ќе има место во составот на Карло Анчелоти, но се уште не е јасно дали клубот ќе мора да го регистрира како странец доколку остане.


Во Шпанија на клубовите им е дозволено да имаат најмногу три играчи надвор од Европската унија во првиот тим. Со оглед на тоа што Велика Британија веќе не е дел од ЕУ, Велшанецот Бејл треба да се смета како странец, исто како и англискиот интернационалец Киран Трипиер во Атлетико Мадрид. Двајцата се единствените британски играчи во Ла Лига.


Преодниот период на излегување на Велика Британија од ЕУ заврши на крајот на минатата година, но со оглед дека се случи во средината на сезоната, статусот на британските играчи не беше променет. Од оваа сезона стапуваат на сила нови правила, но договорот потпишан од Шпанската федерација, Сојузот на играчи и Ла Лига може да се толкува на различни начини. Не е целосно јасно дали правилото ќе се применува ретроактивно, или дали ќе важи и за играчи кои веќе имале договор во Шпанија или само за оние што го потпишале од оваа година.


Без оглед, Реал веќе смета на Бејл како странец, што значи дека има шестмина. Јапонецот Кубо и Бразилецот Реиние ќе заминат на позајмица, но остануваат Винисиус, Родриго и Милитао, кои се важни делови од ротацијата на Реал Мадрид. Од споменатите тројца Бразилци, Винисиус е најблизу до добивање на шпанско државјанство, што би го избришало од списокот на странци. Услов за ова е двегодишна непрекината работа во Шпанија, но пандемијата предизвика голем број административни проблеми и одложи слични процедури, па Винисиус нема да ја заврши процедурата барем уште неколку месеци.


Реал може да ја реши ситуацијата со регистрација на Родриго, најмалку користениот од тројцата Бразилци, за неговиот втор тим, Кастилја. Но, тогаш тој би можел да игра само во Купот и Суперкупот на Шпанија. Иако УЕФА нема ограничувања за странците во своите натпреварувања, не дозволува настапи на играчи регистрирани во други клубови, па така Родриго нема да може да игра и во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови