Италијанскиот првак Интер го загуби Ашраф Хакими, но се обидува да го засили тимот со неколку нови фудбалери. Алекс Телјес од Манчестер Јунајтед и Хектор Белерин од Арсенал се на листата на Симоне Инзаги, но исто така и неколку играчи од Серија А.
Данецот Стригер-Ларсен од Удинезе може да биде замената за Хакими на десната бековска позиција, а Интер е заинтересиран и за одличниот Наитан Нандез од Калјари.
„Нероаѕурите“ имаат одлични односи со клубот Сардинија, сега го испратија Далберт на позајмица, а и се чини дека ќе остане и Наинголан.
Симоне Инзаги посакува да го засили и навалниот ред со Кеита Балде, на кого му беше тренер во Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













