
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги презентираше резултатите за фискалната 2020/2021 година. Тоа беше година значително погодена од пандемијата на коронавирусот, па „кралевите“ проценуваат дека загубиле 300 милиони евра приходи поради пандемијата од март 2020 година.
Натпреварување во Ла Лига беше периодично запрено, а вратите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беа затворени. Оттогаш, „кралскиот клуб“ не играше на својот стадион, туку се пресели на помалиот стадион „Алфредо Ди Стефано“.
Благодарение на заштедите, што вклучуваше и намалување на платите, клубот очекува постепено закрепнување од ударот што го зададе пандемијата.
Реал ја завршил 2019/2020 година со добивка од 313.000 евра, а вредноста на клубот во моментов е 534 милиони евра.
„Реал е еден од ретките големи европски клубови кој не претрпел загуби во последните две години“, известуваат од Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
