Турскиот гигант Фенербахче влегува во завршни преговори за ангажман на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, пренесуваа медиумите во Турција. Како што открива „Ајансспор“, има изненадувачки позитивен развој на настаните во преговорите меѓу клубот и агентите на Алиоски. Фенербахче е согласен за тригодишен договор и 2 милиони евра по сезона.
За Алиоски сериозен интерес покажа и ЦСКА Москва која исто така испрати официјална понуда, а Македонецот е во сферата на интерес и на италијанскиот калчолигаш Рома, како и на другиот турски гигант Галатасарај.
Трабзонспор беше во трката, но одлучи да се повлече и да се посвети на други засилувања за левата бековска позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













