Поранешниот англиски репрезентативец Даниел Стариџ се наоѓа на проба во Мајорка. Напаѓачот, кој ја започна својата кариера во Манчестер Сити, стана член на англиската репрезентација во Челси и кој со години играше за Ливерпул, последен пат играше фудбал минатата година за Трабзонспор.
Тој нема одиграно натпревар веќе 15 месеци, откако беше принуден да ја напушти Турција поради четиримесечна суспензија што ја доби за кршење на правилата за обложување.
Минатата сезона тој не успеа да најде клуб за кој би играл, но тоа може да се промени за претстојната сезона бидејќи интерес покажува Мајорка, која го покани да се приклучи на тренинзите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













