Connect with us

Како Манчини ја трансформира Италија: Од „апокалипса“ до европски шампион

„Апокалипса“ беше наслов во „Газета дело спорт“ откако Италија не успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија. Нацијата плачеше и се сврте кон Роберто Манчини за да врати одредена гордост и некакво чувство на идентитет во националната репрезентација.


Поранешниот тренер на Интер имаше огромна задача пред него, но тој брзо успеа да формира група на играчи кои на крајот стигнаа до финалето на ЕВРО 2020 и го освоија пехарот во финалето против Англија на „Вембли“. Харизматичниот господин има огромна заслуга за тоа овозможувајќи и на нацијата повторно да бидат горда на својата репрезентација.


„Речиси никој не веруваше дека можеме да го сториме тоа, а сепак сме во финалето“,
рече Манчини по полуфиналната победа над Шпанија. „Постојат натпревари во кои треба да страдаш“, додаде тој во моментот кога ја акумулираше 11/ победа во низа, а тимот беше непоразен на 33 натпревари. Тоа беше неверојатен подвиг, посебно фактот дека тој успеа да ги натера фудбалерите да се жртвуваат еден за друг на теренот што секако не е лесно ако се знае нивната клупска страна.


Во моментот кога Манчини го добил повикот од федерацијата, тој беше во Зенит Санкт Петербург. Имаше фантастичен договор и можеше да продолжи мирно да го води рускиот клуб. Но, националниот повик значеше сè за него и едноставно не можеше да го одбие предизвикот за обнова на Италија. Неговите „аѕури“ мубеа во срцето и тој со задоволство одговори на повикот.


Оваа транзиција не се случи веднаш бидејќи неубедливиот триумф на стартот од 2-1 против Саудиска Арабија беше проследена со пет натпревари без победа. После тоа, сè кликна и оттогаш Италијанците се импресивни. Тој создаде тим измешан од искуство и младите, а и даде на Италија систем во кој играчите веруваат и го разбираат.


Сите тие ги знаат своите улоги и добро ги извршуваат своите задачи. Исто така, секој во тимот е лесно заменлив и селекторот не се плаши од тоа. Има авторитет над фудбалерите. Можеби само Џиџо Донарума, Лео Бонучи, Џорџо Киелини и Жоргињо имаат загарантирани места. Тој има возбудливи крилни напаѓачи како Федерико Киеза и Лоренцо Инсиње, а средниот ред кој добиваше многу критикува на минатите турнири, сега е една од најсилните страна. Манчини им даде беспрекорна доверба на фудбалери кои умеат со топката, Николо Барела и Марко Верати, а од позадина се поддржани од неверојатниот Жоргињо.


Во квалификации за ЕВРО, Манчини го усоврши возбудливиот стил што вети дека ќе го внесе во играта на Италија. Тие играат со висока дефанзивна линија, но Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи се уникатни и даваат неверојатна моќ на тимот. Енергијата се пренесува на средниот ред и нападот, а тие се агресивни и притискаат Италија веднаш да ја освојува топката. А кога им е топката во нозе, Италија не игра алиби фудбал, туку веднаш сака да упати удари, гради акции, се заканува од слободни удари, постигнува погодоци.


Кога имаат посед, тие се многу јасни со нивниот стил. Идејата е дека играчите од средниот ред и одбранбените играчи ги знаат своите улоги, дозволувајќи им на покреативните играчи да имаат слобода. Формацијата се менува меѓу 4-3-3 и 3-4-2-1.


Можеби надвор од тактиката, харизмата и стилот на Манчини им го донесе на „азурите“ неговото огромно чувството за поврзаност со нацијата. Тој успеа да ги натера италијанските играчи да веруваат во себе.
Манчини ја изгради Италија преку својот лик, тој беше уметник со топката и сака да има такви играчи во селекцијата. Сега „аѕурите“ изгледаат напаѓачки, стилски дотерани, без да помслат на нивното традиционално „катанаџо“. И кога водат, повторно напаѓаат.


Возраста на селекцијата ветува многу бидејќи и ако дел од одбранбените столбови (Киелини и Бонучи) се пензионираат, Италија има плејада нови таленти кои би можеле да влезат во системот. Селекторот што комплетно ја реновира репрезентацијата на Италија сега гледа гордо и кон Светското првенство, тоа е неговата следна мисија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови