
Вардар и официјално, пред продолжението од сезоната, ги промовираше сите свои нови фудбалери со кои тимот ќе се обиде да го задржи натпреварувачкото ниво од минатата сезона во која стигна до својата 12. титула во историјата.
Јасно е дека, по големите финансиски проблеми, „црвено-црните“ комплетно го променија играчкиот кадар. Сега со ангажман на 11 нови имиња, буквално нов цел еден тим…
Голманот Александар Игески, Виктор Велковски од Работнички, фудбалерите од средниот ред Милован Петровиќ, Стефан Лазаревиќ, Бојан Најденов, офанзивците Мартин Мирчевски, Дејан Блажевски и Филип Петковски, Бразилецот Силва Дос Сантош Чарлестон, како и Ерен Парталко и Хрватот Марко Мартинага се 11 фудбалери кои ФК Вардар денеска и официјално ги промовираше и веќе сите ќе може да бидат на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Васоски за неделниот натпревар против Шкупи.
„Тоа е се што можевме во овој преоден рок. Јасно е дека со овој тим ќе се обидеме да бидеме на нивото од минатата година иако ќе биде навистина тешка сезона за нас“ – истакна неодамна Васоски.
Вардар против Шкупи во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига игра во недела (13. септември) од 16 часот на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
