Ренова ги заврши своите настапи на европската сцена ова лето, со поразот од сплитски Хајдук од 0-1 во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.
Хајдук, оправдувајќи ја фаворитската улога, беше далеку подобар противник на теренот па се чини, на крајот, „гипсарите“ благодарение само на одличниот на голот Хадис Велии може и да бидат задоволни од минималниот пораз, кој можеше да биде и далеку поубедлив.
Хрватскиот тим до триумфот дојде со погодокот на Чакташ уште во 4. минута од натпреварот.
Ренова, се чини, се обиде да дојде до можност за продолжување во Европа во последните 15 минути од натпреварот кога беше подобра на теренот од Хајдук, во обиди да дојде до израмнување, но не успеа во тоа. Велиу во 84. минута ја имаше најдобрата можност но шутираше покрај голот на Хајдук. Во 88. минута и 90. минута и Шефити и Јашароски имаа одлични шанси, но неуспешно.
Во следното, трето квалификациско коло од Лига Европа, Хајдук ќе игра со подобриот од пресметката меѓу азербејџански Нефчи и Галатасарај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal