
Италијанскиот репрезентативец Леонардо Спинацола подолг период ќе отсуствува од фудбалскиот терен откако заработи повреда на Ахиловата тетива на четвртфиналниот дуел против Белгија.
Тој сериозно се повреди на синоќешниот меч, на крајот беше изнесен на носилки, н дури и повредата нема да ги спречи Карло Анчелоти и Реал Мадрид да се обидат да го донесат ова лето на „Сантијаго Бернабеу“.

Одличните игри на Спинацола на Европското првенство го воодушевија тренерот на „кралевите“ и тој наводно по секоја цена го посакува во својот тим.
Тој има договор со Рома до летото 2024 година, а наводно римскиот клуб е подготвен да го продаде за 30 милиони евра. Инаку, Спинакола е дете на Јувентус кој никогаш не ја доби вистинската можност во првиот тим на торинскиот гигант, а вниманието на јавноста го привлече со добрите игри во Аталанта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Само бод за Атлетико од гостувањето кај Мајорка
