
Манчестер Јунајтед го посакува Рафаел Варан и е подготвен да го понуди Пол Погба во замена за францускиот стопер. Јунајтед е свесен дека ќе биде тешко да се задржи Погба на кого договорот му истекува следното лето, а можат да го искористат како размена за најпотребното засилување – Рафаел Варан.
По ангажманот на Џејдон Санчо, сега Оле Гунар Солскјер сака да ја засили одбраната со квалитетниот дефанзивец на Реал Мадрид.
Погба беше голема желба на Зинедин Зидан, а сепак, иако Французинот си замина, играчот за врска на Јунајтед би бил важна алка во тимот на Карло Анчелоти.
Што се однесува до Варан, Јунајтед е негова прва опција, иако има понуда и од Пари Сен Жермен.
Пол Погба и Рафаел Варан немаа голем успех со Франција на Европското првенство, но би можеле да го привлечат вниманието со оваа евентуална размена. Погба да дојде во Реал Мадрид, а Варан да се пресели во Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Само бод за Атлетико од гостувањето кај Мајорка
