Connect with us

Вертонген не сака да им честита на Италијанците: Ме изнервираа тркалајќи се на теренот

Дефанзивецот на белгиската репрезентација, Јан Вертонген, е разочаран откако неговата селекција беше елиминирана од Италија во четвртфиналето на Европското првенство.


„Црвените ѓаволи“ беа поразени од италијанскиот тим со 2-1 на „Алијанц Арена“, а Вертонген вели дека овој пораз е навистина болен.

„Тажен сум. Овој пораз многу боли, ја испуштивме шансата да го освоиме трофејот, исто како и на претходните големи турнири. Кога ќе го анализирате натпреварот, ќе видите дека премногу лесно примивме голови, а и дека ги пропуштивме нашите шанси. Елиминирани сме, и тоа е тоа“, изјави Вертонген.

Тој не сакаше да им оддаде признание на Италијанците за триумфот на овој натпревар.

„Не сакам да им давам голем кредит. Не беа подобри. Тие ме изнервираа на крајот од натпреварот со своето однесување, се тркалаа по теренот и „крадеа“ време. Сепак, не сакам ниту да барам изговори. Примивме голови од грешки, пропуштивме шанси и испаднавме“, истакна дефанзивецот.

Вертонген веројатно ќе ја има последната шанса за трофеј во националниот дрес следната година на Светското првенство во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови