Connect with us

Милан го носи Хамес Родригез на „Сан Сиро“

Италијанскиот калчолигаш Милан е во завршни преговори за ангажман на колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез. Одличниот играч за врска треба да биде замена за Хакан Чалханоглу кој се пресели во редовите на лутиот градски ривал Интер. Тој за тригодишен договор со Милан би заработил 18 милиони евра.

Родригез беше на чекор до Наполи пред две години, кога бараше адекватна средина по лошиот период во Реал Мадрид, но двата клуба не се договорија за условите.

Хамес Родригез последната сезона го носеше дресот на англискиот премиерлигаш Евертон, а претходно беше член на Баерн Минхен. За репрезентацијата на Колумбија има 80 настапи и 23 постигнати гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови