
Англија в сабота ќе го одигра четвртфиналниот натпревар на Европското првенство против Украина и за првпат ќе биде без помошта од своите навивачи. Италијанската амбасада во Лондон соопшти дека поради ограничувањата во врска со вирусот корона во земјата, „секој што бил во Велика Британија во претходните 14 дена, без оглед на националноста и престојот, нема да може да влезе на стадионот, дури и ако има билет“, објави „Скај Италија“.
Досега Англија ги одигра сите натпревари на Европското првенство на „Вембли“ во Лондон, а четвртфиналниот натпревар против Украина се игра в сабота со почеток во 21 часот на Олимпискиот стадион во Рим.
Секој што ќе пристигне во Италија од Велика Британија, ќе мора да помине пет дена во изолација.
„Само оние кои можат да докажат дека пристигнале во Италија пред шест дена и поминале пет дена во карантин, а после тоа биле тестирани негативни на вирусот корона, ќе можат да влезат на Олимпискиот стадион“, се вели во соопштението.
Во соопштението се посочува дека ослободувањето од карантин од каква било правна причина нема да значи дозвола за влез на стадионот.
„Затоа, навивачите од Велика Британија не треба да патуваат во Италија за натпреварот в сабота на Олимпискиот стадион во Рим“, се наведува на крајот од соопштението.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
