
Англискиот премиерлигаш Арсенал се вклучува во трката за Андреа Белоти. Напаѓачот на Торино влегува во последната година од договорот со клубот и најверојатно ќе направи трансфер по завршувањето на Европското првенство. За него постои интерес од Рома и од Милан, но сега и Арсенал влегува во редот за одличниот напаѓач.
Микел Артета сака нов класичен напаѓач откако станува јасно дека Александре Лаказет ќе си замине од „Емирати“. Шпанскиот стратег смета дека Белоти одлично би се вклопил во неговата стратегија и подготвен е да плати 30 милиони евра за да го доведе во Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal