
Џејдон Санчо го делат само детали од дресот на Манчестер Јунајтед, а навивачите на клубот ги очекуваат уште убави вести. Францускиот интернационалец Рафаел Варан одлучил дека не сака да прејде во ПСЖ, туку иднината ја гледа исклучиво во Премиер – лигата, а е на чекор до договор со Јунајтед. Влегувајќи во последната година од договорот, Реал Мадрид одби да ја удвои неговата плата на 12 милиони евра и тој ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
„Кралевите“ планираат да го продадат и со тие пари да го купат Кунде или некој друг стопер. Начо го продолжи договорот, Милитао и Алаба ќе бидат стартниот тандем стопери, како што стојат работите сега.
Варан ќе чини околу 50 милиони евра, цена што Англичаните се подготвени да ја платат и да го формираат тандемот Мегваер – Варан. Со трансферот на Санчо, враќањето на Далот, кој ќе биде алтернатива на позицијата лев бек, и уште ако остане Погба, се чини дека Манчестер Јунајтед веќе има подготвен тим за следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
