
Англискиот репрезентативец Деклан Рајс одби да ја продолжи соработката со Вест Хем. Тој е пред трансфер во редовите на Челси и најверојатно зделката ќе биде заокружена по завршувањето на Европското првенство.
Менаџерот на Челси, Томас Тухел, во него гледа одлично решение за пополнување на средниот ред со дефанзивен играч за врска кој би играл во тандем со Нголо Канте. Челси е подготвен да плати 60 милиони фунти за ангажманот на Деклан Рајс на „Стемфорд бриџ“.
Во трката е и Манчестер Јунајтед, но очигледно дека „ѓаволите“ се насочени кон Џејдон Санчо и кон Рафаел Варан како приоритетни цели за овој летен преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal