Џек Грилиш не доби голема минутажа од Герет Саутгејт на изминатите четири натпревари на англиската репрезентација на Европското првенство, но и за само 115 минути оствари неверојатен ефект.
Стартер беше само на еден натпревар, но тоа не го спречи да биде најкорисен во тимот на гордиот Албион на Европското првенство. Забележа најмногу асистенции (2), има најмногу создадени стопроцентни можности (2), над него се направени најмногу прекршоци (7).
Фудбалерот на Астон Вила му асистираше на Хари Кејн за 2-0 против Германците, како и на Стерлинг, кој беше единствениот стрелец во победата над Чешка.
Можеби не игра многу, но Џек Грилиш знае како да биде корисен. Можеби оваа статистика ќе му помогне на Герет Саутгејт во изборот на составот на четвртфиналниот меч против Украина в сабота во Рим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal