
Италија игра одлично на Европското првенство, а еден од најзабележителните фудбалери во селекцијата на Роберто Манчини е Леонардо Спинацола. Тој двапати на ова ЕВРО беше избран за играч на натпреварот и го сврте вниманието кон себе.
Фудбалерот на Рома е трансферна цел на двата шпански гиганти, Реал Мадрид и Барселона, а во трката се вклучи и Пари Сен Жермен. Спортскиот директор Леонардо се распрашувал за можноста тој ова лето да се пресели во Париз.
Сепак, и новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, во Спинацола гледа одлично решение за левата странична позиција и нема лесно да се одлучи да го продаде.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal