
Селекторот на украинската репрезентација Андриј Шевченко, ги искажа своите впечатоци по синоќешната победа над Шведска (2-1) во осминафиналето на ЕВРО 2020, но и очекувањата од чертвтфиналната пресметка против Англија во Рим.
„Шведска е одлична репрезентација, а ние успеавме да направиме подвиг со пласманот во четвртфиналето. Благодарен сум им на играчите што направија сè совршено. Осум дена одмор пред мечот со Шведска беше многу корисен. Ни остануваат четири дена пред да се сретнеме со Англија. Добро е што имавме толку многу време да се подготвиме. Ќе ги вратиме играчите, пред сè, физички и психолошки. За успех со Англија, треба да имаме верба и издржливост. Англискиот состав е силен тим со долга клупа. Го гледав првото полувреме на нивниот натпревар со Германија. Тоа е многу моќен тим и јас добро ги познавам играчите. Знаеме дека не очекува нов жесток дуел“, изјави Шевченко.
Натпреварот меѓу Англија и Украина ќе се игра на 3 јули во Рим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
