
Светскиот шампион Франција го заврши походот на Европското првенство во осминафиналето, а по распадот со Швајцарија, скандалот го направија родителите на фудбалерите кои се искараа меѓусебе.
Вероника Рабио најчесто е таа што ги прави проблемите. Мајката на францускиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, секогаш сака да го има главниот збор, предизвикуваше проблеми додека тој беше во ПСЖ, а поради играчот за врска беше префрлен и во вториот тим.
Рабио испадна од списокот на репрезентативци за Светското првенство, Дешамп го врати, иако потоа одби да биде можна замена доколку некој се повреди.
По поразот од Швајцарците започнача расправија на родителите, а целта била семејството Мбапе. Одличниот напаѓач промаши пенал, а во дискусијата Вероника Рабио му рекла на таткото на фудбалерот малку да го спушти на земја неговиот арогантен син.
Реагирала Фајза Ламари, мајката на Мбапе, па таа и Вероника Рабио размениле пцовки. Додека семејствата го следеа натпреварот заедно, велат дека сите биле згрозени од однесувањето на Вероника, која влегла во конфликт и со семејството на Погба, обвинувала дека тој ја загубил клучната топка и се однесувал како најголема ѕвезда.
За Вероника Рабио ова не е ново однесување, но очигледно дека сега таа ги преминала сите граници со навредите. Мбапе и се извини на нацијата за промашениот пенал, а Дидие Дешамп најверојатно ќе си замине од селекторската позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
