
Шкендија загуби со 1-3 од Тотенхем во третото квалификациско коло од Лигат на Европа. Тренерот на лондонскиот клуб Жозе Мурињо вели дека сето тоа што му го кажал капитенот на нашата репрезентација Горан Пандев пред мечот на крајот се покажало како точно.
„Зборував со Пандев пред некој ден и ми кажа дека нема да е лесно, на крајот стварно така беше. Убаво е да се победи три пати по ред и тоа далеку од дома. Меѓутоа тоа е наша работа да победуваме. Одлично е што поминавме во следното квалификациско коло. Шкендија е добар тим кој игра со различен интензитет од нашиот. Стартувавме силно и мислевме дека го имаме натпреварот, но тогаш тие постигнаа гол и беше навистина тежок натпревар. Сепак, моите фудбалери добро реагираа и на крајот стигнавме до победа. Moже да кажам дека Шкендија е одличен тим со одличен тренер. Одлично организирани“, изјави Мурињо.
Во последното квалификациско коло избраниците на Жозе Мурињо за противник ќе ја имаат израелска Макаби Хаифа која беше подобра од Ростов на нашиот Давид Тошевски. Натпреварот во Лондон ќе се игра следниот четврток.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси

Евро-фудбал
Арсенал еден месец ќе биде без Салиба

Евро-фудбал
Нагелсман: Не стравувам дека ќе добијам отказ

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски
