
Германската репрезентација доби дозвола од УЕФА да тренира на „Вембли“ во текот на денешниот ден, а во пресрет на утрешниот осминафинален меч против Англија. Сепак, Германците нема да ја искористат оваа „привилегија“ затоа што веќе направија поинаков распоред.
Претходно, „Билд“ откри дека Германија добила негативен одговор од организаторот за реализација на тренингот на „Вембли“ затоа што тревникот требало да биде сочуван во идеална состојба токму за натпреварот. Истата забрана им беше дадена и на Австрија и Италија пред нивниот дуел кој се одигра на „Вембли“.
Германија упатила официјална жалба до УЕФА поради ваквиот принцип и потоа добила позитивен одговор. Но, сепак, селекцијата на Јоаким Лев не тренираше на „Вембли“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
