
По три победи во групната фаза, Холандија разочара во првиот натпревар од нокаут фазата бидејќи беше елиминирана од Чешка и со тоа го заврши настапот на Европското првенство во осминафиналето. Капитенот на Холандија, Џорџинио Вајналдум, не го крие разочарувањето откако неговата селекција беше нокаутирана од Чешка (2-0).
„Головите што ги примивме, шансите што не ги искористивме, сето тоа уште долго ќе минува низ нашите глави. Секако, беше многу потешко по црвениот картон. Не можевме повеќе да ги притискаме. Целиот натпревар беше тежок. Некако не успеавме да се справиме со нивниот притисок. Не можевме да стигнеме до посакуваниот простор. Направивме неколку шанси, но тоа не беше доволно“, коментира Вајналдум.
Решавачка беше дефинитивно 55. минута кога Де Лихт доби црвен картон.
„Во тој период мислев дека имаме контрола врз играта. Имавме неколку шанси, особено во првото полувреме. Ниту тие не создадоа многу шанси. Но, црвениот картон направи разлика“, заврши Вајналдум.
Холанѓаните кои беа во група со Македонија и остварија три победи, го завршија настапот веќе во осминафиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче
