
Францускиот напаѓач Антоан Гризман би можел да ја напушти Барселона во овој летен преоден рок, пренесува „Марка“. Дел од раководството на клубот смета дека нема потреба да се задржи фудбалерот кој има огромна плата и многу го оптоварува буџетот.
Барселона има финансиски проблеми предизвикани од пандемијата, а продажбата на Гризман не само што ќе ја наполни касата, туку и ќе го олесни буџетот. Наводно, Гризман е веќе на трансфер листата, но тешко е да се очекува дека Барселона може да добие 120 милиони евра, колку што му платија кога го донесоа.
Гризман минатата сезона одигра 36 натпревари во Ла Лига и постигна 13 голови и запиша седум асистенции.
Барселона неодамна ги ангажираше Серхио Агуеро и Мемфис Депај, а договорот наскоро треба да го продолжи и најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
