
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е подготвен да го вклучи холандскиот интернационалец Дони ван де Бек во договор за размена на фудбалерот за врска на Јувентус, Адриен Рабио.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да доведат нов играч од средниот ред и се надеваат дека ќе го потпишат поранешниот играч на ПСЖ до крајот на летниот преоден рок.
Манчестер Јунајтед го спречи Ван де Бек да замине на позајмица во јануари бидејќи не сакаше да го ослаби тимот во напорниот дел од сезоната. Но, очигледно е дека тој не се вклопува во долгорочните планови на Оле Гунар Солскјаер и сега ќе добие дозвола да го напушти „Олд Трафорд“.
Рабио се приклучи на Јувентус на слободен трансфер и ја освои Серија А под водство на Маурицио Сари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
