
Искусниот фудбалер на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Томас Милер, имаше проблеми со повреда на коленото по мечот со Португалија. Германските навивачи се плашеа дека нивниот репрезентативец нема да може да го одигра натпреварот од осминафиналето против Англија.
Постоеше сомневање дека Милер може да ја влоши повредата на натпреварот против Унгарија, но за среќа тоа не се случи.
„Тренирав нормално. Ако не можев, немаше да работам. Убеден сум дека нема да имам никакви проблеми до вторник“, изјави Томас Милер.
Иако се уште нема постигнато гол на овој шампионат, тој секогаш е многу мотивиран против Англичаните. Пред 11 години, кога двете селекции се најдоа во осминафиналето на Светското првенство, Германците ја однесоа победата со резултат 4-1, а искусниот офанзивен играч тогаш постигна два гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
