
Италија со 2-1 ја совлада Австрија по продолженија во осминафиналниот дуел на „Вембли“. Резервистите Федерико Киеза и Матео Песина беа стрелци на головите во 95. и во 105.минута, а намали Саша Калајџиќ на шест минути пред крајот.
Се измачија „аѕурите“ за да стигнат до победата, но селекторот Роберто Манчини смета дека потполно ја заслужиле.
„Бевме подобар тим и ја заслуживме победата. Австрија многу ни го отежна патот. Беа одлични, а ние паднавме во второто поливреме. Но, среќни сме, одиме понатаму. Белгија или Португалија? Двете селекции се фантастични, кој и да биде наш ривал, ќе ни биде ѓаволски тешко во Минхен“, изјави Роберто Манчини по пласманот на Италија меѓу осумте најдобри селекции на Стариот континент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
