Connect with us

Легендарниот тренер на Ливерпул ќе го замени Анчелоти на клупата на Евертон

Со заминувањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, Евертон се најде во ситуација да мора да бара нов менаџер. По неуспешните разговори со неколку кандидати, тие решија да го доведат легендарниот тренер на градскиот ривал Ливерпул.


Шпанскиот стратег Рафа Бенитез, кој ја освои Лигата на шампионите со „црвените“ во 2005 година, ќе потпише договор со Евертон следната недела.


Бенитез водеше голем број тимови во својата кариера и освои голем број трофеи.


Со Валенсија, тој освои две шампионски титули во Шпанија и Купот на УЕФА, со Ливерпул во Лигата на шампионите и ФА купот, со Интер славеше на Светското клупско првенство, со Челси во Лигата на Европа, а со Наполи во Купот на Италија. Тој работеше и во Њукасл и во кинескиот Далиен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови