
Жозе Мурињо започнува да го гради тимот на Рома за следната сезона, а тој секогаш прво мисли на одбраната. Португалецот го отпиша англискиот стопер Крис Смолинг, а замена гледа во Мерих Демирал, 23-годишен стопер на Јувентус.
Сепак, нема така лесно да дојде до него. Јувентус бара 40 милиони евра за Демирал. Тој дојде во торинскиот клуб пред две години од Сасуоло за 18 милиони и оттогаш настапи на 31 натпревар и постигна еден гол.
Демирал играше и за репрезентацијата на Турција и го постигна првиот гол на годинашното Европско првенство, но тоа беше автогол во поразот со 3-0 против Италија на отворањето на ЕВРО. Турците ги загубија сите три натпревари, а нивната одбрана беше слаба и неорганизирана. Сепак, Жозе Мурињо верува дека Демирал е вистинскиот човек за одбраната на Рома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
