
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, размислува за промена на стратегијата за осминафиналниот меч против Германија на „Вембли“. Тој сака да се прилагоди на играта на Германците, со оглед дека Јоаким Лев практикува 3-4-3 на ова Европско првенство.
Кајл Вокер, Хари Мегваер и Џон Стоунс најверојатно ќе започнат како централни дефанзивци, а Киран Трипие и Лук Шо ќе играат по станичните позиции. Бакајо Сака може да се користи и во оваа формација како лево крило.
Саутгејт ја користеше шемата со стоперско трио назад за време на СП 2018 во Русија, кога Англија стигна до полуфиналето, па играчите нема да имаат проблем да се адаптираат.
Англија на првите три натпревари на ЕВРО 2020 играше во шема 4-2-3-1, и создаде многу шанси, иако головите изостанаа. „Трите лава“ досега постигнаа само два гола, но се уште немаат примено гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
