
Бразилскиот ас Марсело кој една и пол деценија е дел од Реал Мадрид, ќе биде новиот капитен на „кралскиот тим“. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја потврди оваа информација, истакнувајќи дека тоа е логична одлука по заминувањето на Серхио Рамос.
„Марсело ќе биде наш капитен следната сезона. Тешко е да се најде друг бек како Марсело. Тој и Роберто Карлос се најдобри на оваа позиција во историјата“, изјави Перез.
Марсело дојде во Реал Мадрид на 1 јануари 2007 година и следната сезона ќе му биде 15. во дресот на „кралевите“. Тој има договор до јуни 2022 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
