
Реал Мадрид се загреа за шведскиот репрезентативец Александар Исак, пренесува „Диарио Гол“. Претседателот Флорентино Перез е воодушевен од игрите на младиот напаѓач на Реал Сосиедад и сака да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.
Фокусот на „кралевите“ е кон Килијан Мбапе и најавите се дека ќе се обидат да го купат во август, но Карло Анчелоти бара уште еден помлад напаѓач кој би бил соодветна замена за Карим Бензема.
Швеѓанецот Исак има откупна клаузула од 70 милиони евра, но „кралевите“ се надеваат дека ќе успеат да го купат и за 50 милиони евра.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
