Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ја заврши блескавата кариера во националниот тим со 122 настапи и кажа збогум на Европското првенство. За селекторот Игор Ангеловски исто така настапот на ЕВРО беше и последна работна задача во репрезентацијата, со оглед дека неговиот договор истекува на крајот на јули.
Езгјан Алиоски на социјалните мрежи истакна дека вечно ќе го памети моментите со нив двајца, затоа што заедно испишаа историја за македонскиот фудбал.
„Горан Пандев, ти секогаш ќе бидеш моја инспирација. Ангеловски, во овие шест заеднички години, испишавме историја. Нема зборови со кои ќе опишам колку сум благодарен за тоа“, напиша Алиоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













