
Најдобриот играч во историјата на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, реши да остане на „Камп Ноу“ уште две сезони. Според каталонските медиуми, тој по долги преговори решил да потпише договор со Барса до 2023 година.
Меси беше на работ да го напушти клубот минатото лето по конфликтот со поранешниот претседател Бартомеу, и речиси сите тврдеа дека тој ќе го засили Манчестер Сити како слободен агент во претстојниот летен преоден рок.
Сепак, доаѓањето на Хоан Лапорта на кормилото на клубот создаде клима Меси да остане. Се очекува се биде официјализирано по враќањето на Аргентинецот од Копа Америка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
