
За напаѓачот на Холандија, Лук де Јонг, Европското првенство заврши, откако во вторникот го повреди коленото на тренинг, објави Фудбалската федерација на нашиот трет ривал на ЕВРО.
Лук де Јонг двапато влезе како резерва на првите натпревари од групната фаза, но ги повреди лигаментите на коленото во судир со соиграчот Коди Гакпа ден откако Холандија ја победи Македонија во последниот натпревар од групата.
„Напаѓачот на Севилја, кој досега одигра 38 натпревари за националниот тим, ги повреди лигаментите на коленото и веќе не може да игра на ова Европско првенство“, се вели во соопштението на КНВБ.
Според правилата на УЕФА, замените не се дозволени во оваа фаза од натпреварувањето, освен повредени голмани, па холандската репрезентација остана со 24 играчи пред осминафиналето в недела во Будимпешта.
Де Јонг досега постигна осум гола за Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
