
Хрватска оствари триумф против Шкотска (1-3) во Глазгов и се пласира во осминафиналето на ЕВРО. Еден од хероите на натпреварот секако беше Лука Модриќ кој постигна фантастичен гол за водство од 2-1. Фудбалерот на Реал Мадрид не го криеше задоволството од пласманот во понатамошниот тек на натпреварувањето.
„Одигравме одличен меч и се пласиравме во втората фаза. Ние не бевме на вистинското ниво на првите два натпревари. Се подобривме кога беше најважно. Ако игравме вака и загубевме, сепак, ќе можевме да го напуштиме теренот со кренати глави“, изјави Модриќ.
Лука постигна импресивен гол од работ на казнениот простор, со надворешно ефе.
„Голот ми значи многу. Драго ми е што помогнав во триумфот, но важно е дека целиот тим беше добар и заедно дојдовме до победа”, заклучи хрватскиот фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
