МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,
Никола Ѓуровски
Македонија со пораз од Холандија (3-0) го заокружи настапот на Европското првенство. Три порази, но и исполнет сон на сите генерации за учество на ЕВРО. Селекторот Игор Ангеловски по завршувањето на мечот потенцираше дека и тој ја напушта клупата на Македонија.
„Испишавме една прекрасна приказна која започна пред пет години, а кулминираше со настап на Европското првенство. Денеска го испративме нашиот капитен Горан Пандев, кој е најзаслужан за успесите, но би сакал да ги поздравам сите фудбалери, стручниот штаб, спортските новинари и сите останати со кои работев во овој изминат период. Посакувам Македонија да продолжи со успесите, а ова е моја последна прес – конференција и репрезентативна активност. Мојот договор истекува на крајот од месецот“, изјави Игор Ангеловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













