Connect with us

Луис Енрике незадоволен: Премногу компликуваме пред голот

Шпанија не успеа да победи и на вториот меч од Европското првенство, повторно само ремизираше против Полска (1-1). „Црвената фурија“ има доминација во поле, но нема конкретност во реализацијата на акциите.

Селекторот Луис Енрике вели дека неговите фудбалери треба да играат многу поедноставно во завршницата.

„Работевме многу напорно, но се чини дека многу компликуваме во завршницата. Мораме да бидеме убиствени, многу поконкретни. Ми се допаѓаше како тоа го прават фудбалерите на Полска. Едноставни акции и брза завршница. Мислам дека пресуден момент на мечот беше нереализираниот пенал. Доколку успеавме повторно да поведеме, ќе бевме блиску до триумф“, изјави Луис Енрике.

Шпанија е третопласирана во групата по две кола, а во третиот меч од ЕВРО ќе се сретне со Словачка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови