Фудбалската репрезентација на Македонија го оствари и вториот пораз на Европското првенство откако загуби од Украина со 2-1. По лошото прво полувреме, селекторот Игор Ангеловски на стартот на вториот дел ги уфрли во игра Александар Трајковски и Дарко Чурлинов и играта на „црвено-жолтите“ сериозно се преобрази.
Трајковски беше еден од најопасните по голот на Бушан во второто полувреме.
„Жалам што доживеавме втор пораз. Имавме прекрасна атмосфера и поддршка од навивачите. Но, не стартувавме како што посакувавме и Украина создаде солидна предност. Потоа се обидовме да вратиме, го покажавме тој наш менталитет дека можеме да се вратиме од негатива, но не израмнивме. Имавме шанси, меѓутоа на крајот повторно сме поразени. Ќе одиме во Амстердам да одиграме најдобро што знаеме, се уште имаме шанси за пласман, но и знаеме дека ќе играме против фаворитот Холандија“, изјави Александар Трајковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













