Капитенот Горан Пандев оценува дека македонската фудбалска репрезентација во дуелот со Украина на Европското првнество киксираше затоа што не одигра во континуитет на најдобротo можно ниво.
„45 добри минути не се доволни, треба така да се игра во континуитет во тек на цел натпревар. Кога ќе примиш гол од прекин, натпреварот станува потежок, имавме шанси во второто полувреме, навистина ми е жал. Можевме барем до бод. Повторно како да бевме во некој грч. Требаше да примиме гол за да играме подобро, како да чекаме да примиме гол за да бидеме подобри. Но, ова се први вакви натпревари во нашите кариери. Навистина ми е жал. Во Холандија треба да одиграме како што знаме, да не се плашиме и да го изгубиме тој натпревар да не ни биде жал“ – вели Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













