
Андриј Јармоленко е првата ѕвезда на Украина и најголемата опасност по голот на Столе Димитриевски на денешниот натпревар (15 часот), втор за Македонија на Европското првенство.
Фудбалерот на Вест Хем постигна фантастичен гол во поразот (2-3) од Холандија, најавува дека Украинците денеска ќе атакуваат на победа, но, сепак, повикува на внимателност и респект затоа што Македонија е квалитетна селекција.
„Нема слаби репрезентации на Европско првенство. Знаеме дека денеска не очекува многу тежок натпревар. Ќе биде и психолошки исцрпувачки затоа што победа им е потребна и на двете селекции доколку сакаат да останат во игра за втората фаза од турнирот. Селекторот детално ни ја анализираше играта на Македонија, тие се силни како колектив иако немаат некои изразени индивидуалци. Знаеме како треба да играме против Македонците и веруваме во триумф“, истакнува Андриј Јармоленко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
