МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) го игра вториот натпревар на Европското првенство. На Националната арена во Букурешт ќе има пресметка против селекцијата на Украина.
Стефан Ристовски смета дека нема време за тагување по првиот пораз од Австрија, македонските репрезентативци максимално се подготвени за нов дуел, вториот меч утре против Украинците.
„Нема време за тагување. Дојдовме на Европско првенство да дадеме се од себе на секој натпревар. Се уште имаме шанси за пласман во следната фаза. Македонија нема да се предаде до самиот крај, подготвени сме за борба до последна капка пот. Секој меч го играме со максимално залагање. Украина е квалитетен тим, но веруваме во сопствените можности и се надеваме на успех“, изјави Стефан Ристовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













