Во обид да ја прекине лошата резултатска серија од два натпревара во првенството без победа и по елиминацијата од Купот, Вардар во дуелот од 10. коло во најсилната домашна фудбалска конкуренција ја преекува Ренова.
Тимот од Џепчиште исто така има негативен резултатски биланс и за разлика од Вардар кој има една победа на последните пет натпревари, нема ниту една првенствен успех повеќе од еден месец на крилата на победата во осминафиналето на Купот над Пелистер ќе тргне конечно и по три цели бода во шампионатот.
Вардар и Ренова во минатата сезона се сретнаа во последното одиграно коло пред прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот. Тогаш славеше Ренова со 2-0 и ова беше само втора победа на овој состав во последните 10 меѓусебни пресметки во кои Вардар е далеку поуспешен со шест триумфа. Ренова има само уште еден триумф на овие средби, а два дуела завршиле без победник.
Борец ја прекина одличната резултатска серија на Македонија Ѓорче Петров со победата во Велес од 2-0, па скопскиот состав кој посакува да одржи чекор со водечките Шкупи и Шкендија ќе мора да се врати на победнички патеки. Шанса за тоа е денешната пресметка со Академија Пандев. Тимот кој тешко се снаоѓа од почетокот на сезонава во првенството и подобар биланс има единствено од градскиот ривал Беласица која е убедливо закована на дното.
Академија Пандев има само две победи на деветте одиграни средби, но појдовен мотив за поволен исход на гостувањето во Скопје денеска може да биде триумфот од средата над Вардар со кој обезбеди место во четвртфиналето на Купот.
Македонија ЃП и Академија Пандев имаа вкупно девет одиграни средби од кои седум се првенствени и на нив три победи имаат струмичани, ѓорчепетровци се на две, а уште два дуела биле без победник.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski