
Данска загуби од Финска со 1-0 на воведниот натпревар на Европското првенство, но многу поважно во овој момент е дека не го загуби Кристијан Ериксен. Селекторот Каспер Хјумланд има само пофални зборови за однесувањето на неговите играчи во моментите на шок кога медицинските екипи го спасуваа Ериксен, но и за тоа што го доиграа натпреварот.
„Беше тешка вечер. Сите добивме потсетување за тоа што е најважно во животот и дека е многу важно што имаме здрави односи во тимот. Не можам да бидам погорд на тоа како играчите се грижеа еден за друг во моментите кога нивниот пријател страдаше“ – рече Хјумланд.
Тој објасни дека фудбалерите сакале да го доиграат натпреварот, но само во случај ако добијат информација дека Ериксен е добро. Поистоела опција, средбата да биде завршена денеска.
„Немаше притисок од УЕФА. Имавме две опции, но играчите не можеа да замислат да минат непроспиена ноќ и повторно денеска да се вратат на стадионот и да играат. Искрено, најдобро е што завршивме со тоа. нормално дека не можете да играте натпревар со такви чувства и тоа што воопшто се обидовме е навистина неверојатно“ – рече данскиот селектор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
