Историски ден за Македонија. Фудбалската репрезентација денеска (18 часот) ќе го одигра првиот натпревар на европските првенства. На Националната арена во Букурешт противник е селекцијата на Австрија.
Селекторот Игор Ангеловски се обрати на социјалните мрежи.
„Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија денес да се чувствува гордо. Денеска цел свет ќе застане во чест на македонската химна. Вие сте моите херои и оваа бајка ќе ја паметам до крајот на мојот живот. Благодарам на целиот наш народ без разлика на вера и нација за поддршката. Дечки, ви благодарам и ве сакам, одиме по историја“, напиша селекторот Игор Ангеловски на социјалните мрежи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













