Connect with us

Грција се жали до УЕФА за македонските дресови

Непосредно пред почетокот на Европското првенство на кое не учествува, Грција испратила допис до УЕФА во кој реагира за дресовите на македонската фудбалска репрезентација.

На Грците им пречи тоа што на дресовите стои ФФМ. Ова според Грците е спротивно на договорот меѓу двете земји потпшан во 2018 година.

Во жалбеното писмо тие велат дека може да стои СМ (Северна Македонија) или РСП (Република Северна Македонија), но не и ФФМ.

Слично жалбено писмо испратил и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас до неговиот колега од Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови