Македонската фудбалска икона Горан Пандев им се обрати на сите Македонци преку Инстаграм. Порача дека е предводник на генерацијата што ја обедини цела Македонија и побара да се сплотиме сите заедно. Можеби се ова последните натпревари на Гранде Пандев…
„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство. Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера, Македонија да игра на едно вакво големо натпреварување. Можеби се ова последните мои натпревари за репрезентацијата. Сакам како капитен да се обратам на целата нација. Оваа генерација е на најсветото место на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија. Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го исполнивме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за Македонија!“, напиша Горан Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













