Connect with us

Македонија ЃП ги задржува Филиповски и Фазли и следната сезона

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП работи активно на задржување на играчкиот кадар од минатата сезона. По капитенот Боби Божиновски и Ермедин Адем, раководството на клубот постигна согласност за продолжување на соработката и со Кристијан Филиповски и со Самир Фазли. Тие ќе останат во таборот на „лавовите“ и следната сезона.

Македонија ЃП долг период беше во трка за освојување на третото место и излез во Европа, но на крајот во фотофиниш загуби од Струга Трим Лум. Одлуката е најголем дел од најквалитетните поединци да останат во тимот од Ѓорче Петров, а потоа составот да се надгради со уште неколку засилувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови